Бајден: Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина предизвика хуманитарна катастрофа

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Yuichi Yamazaki

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и Јапонија, и ја истакна важноста на Алијансата во контекст на руската инвазија на Украина.

„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја. Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа не е само прашање на Европа, туку и на целиот свет“, рече Бајден.

Тој предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин во Украина се обидува да ја згасне целата култура и изјави дека руските сили ги гаѓаат украинските училишта, цркви и музеи, пренесуваат медиумите.

Соединетите Американски Држави, рече Бајден, ќе продолжат да работат со партнерите и да го предводат глобалниот одговор на руската инвазија.

Американскиот претседател повтори дека верува оти ова е момент на трансформација за целиот свет, односно прашањето дали ќе надвладеат демократии или автократии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот