Бајден: Авганистанците сега мора да се борат за себе

Претседателот на САД, Џо Бајден по повлекувањето на американските војници од Авганистан истакна дека Авганистанците сега мора сами да се борат со талибанците.

– Но, тие мора да сакаат да се борат, посочи Бајден.

Неговата изјава уследи откако талибанците вчера освоија осми провинциски главен град. Од почетокот на мај, кога почна повлекувањето на меѓународните сили талибанците зазедоа поголема територија.

Бајден упати апел до авганистанските политичари заеднички да дејствуваат против талибанците.

Тој вети дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка за авганистанските безбедносни сили и оти секојдневно ќе биде информиран за ситуацијата.

Американската влада одвои 3,3 милијарди долари во нацрт-буџетот за поддршка на авганистанските безбедносни сили следната година, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот