Бајден: Америка има можност да го искорени системскиот расизам (ВИДЕО)

Џо Бајден

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, во видео порака за Денот на независноста,  ги повика Американците да се борат со расната нееднаквост, нагласувајќи дека „имаме можност да го искорениме системскиот расизам”.

-Нашата нација е темелена на едноставна идеја: сите сме создадени еднакви. Тоа никогаш не го постигнавме, но никогаш не престанавме да се обидуваме. На Денот на независноста не треба да ги славиме само овие зборови, туку треба да се обврземе дека конечно ќе ги оствариме, истакна Бајден во видеото обраќањето на Твитер.

Осврнувајќи се на долгата историја на Америка за расна нееднаквост, од робовладетелството до смртта на Џорџ Флојд, Бајден ги повика Американците да се стремат кон идеалот за еднаквост врз кој е втемелена земјата, пренесе Фокс њуз.

„Американската историја не е бајка затоа што земјата никогаш не ги исполни зборовите од Декларацијата за независност – дека сите луѓе се создадени еднакви”, истакна Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот