1 C
Скопје

Бајага за песната која сите ја поврзуваат со Милена Радуловиќ: „Ја напишав пред една година, не сум пророк“


Актерката Милена Радуловиќ наиде на огромна поддршка од јавноста, откако во својата исповед соопшти дека ја силувал професорот по глума Мирослав Алексиќ, кога имала 17 години. Многу познати личности ѝ дадоа поддршка, а Момчило Бајагиќ Бајага ја напиша песната под наслов „Не си сама“ која сега се поистоветува со она што ѝ се случува на актерката.

Нумерата ја изведе групата Бомбај штампа на чело со Бранко Ѓуриќ Ѓуро, а откако беше промовирана, Бајага се огласи со изјава како дошло до тоа.

– Гестот на Милена го поддржувам и секоја чест за нејзината храброст. Секако дека сум на страната од девојките и го осудувам секој вид насилство. Песната ја пишував пред една и пол година за мојот другар Бранко Ѓуриќ Ѓуро. Не можев да бидам пророк. Направена е за албумот на Бомбај штампа. Ѓуро ме замоли да му напишам текст, а само се погоди насловот „Не си сама“ да биде слоган и на оваа кампања – изјави Бајага за курир.рс.

Прочитајте и...  Задолжително: Зошто треба да го миете конзервираниот зеленчук?

Поврзани вести

Дали „The Gray Man“ ќе биде најскапиот филм на „Netflix“?

Слободен Печат

Некои се вакцинирале и, сепак, се заразиле со коронавирус. Како е можно тоа?

Слободен печат

Британската полиција нема да покрене истрага за шокантното интервју на принцезата Дајана од 1995 година

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 5 март: Дајте си малку време

Слободен Печат

Виц на денот: Ручек

Слободен печат

На денешен ден – 5 март

Слободен Печат

Остави Коментар