Бајага ја примил и втората доза од вакцината: Не ми е добро, имам реакција

Instagram

Познатиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага на 19 февруари го прослави својот 61 роденден, а неколку дена претходно ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот.

Што се однесува до родендените, немам големи планови со години. Славам со пријателите и семејството, со здравица, но бидејќи се вакцинирав, за овој роденден не можам ни да пијам“, со смеа рече Бајага додавајќи дека таа здравица ќе ја одложи за некој друг ден“, пишува „Јутарњи“.

Не ми е добро, ја примив вакцината и имам рекација“, изјави Бајага за српски „Курир“. Од редакцијата велат дека повторно ќе го контактираат за да им даде повеќе детали.

Очигледно ќе треба сите да се вакцинираат, особено луѓето кои патуваат. Не дека сум „луд“ по вакцините, ниту сум голем поддржувач на истите, но не гледам друга опција. Ова е единствениот начин во борбата против коронавирусот“, рече Бајага, кој смета дека ситуацијата со пандемијата ковид-19 е прилично тешка.

Немаме свирки. Ние можеби најмногу работевме од сите, снимивме нов албум, имавме и два „нормални“ концерти, и еден онлајн концерт. Сè на сè, никогаш не сме имале послаба година кога станува збор за работа…“, рече музичарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот