Бај, бај Заев

Марко Видојковиќ/ Фото: Miroslav Dragojević/Danas.rs

Премиер во Македонија од 2006. до 2016. беше Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа време Скопје стана луна парк за сиромашни, начичкан со споменици и кичарајски гипсени фасади, а заживеа и лудата теорија за античкото потекло на Македонците.

Ерата на Груевски е одбележана пред се со системска корупција и организиран криминал.

Против тој режим се одржуваа маратонски неуспешни демонстрации, а до промена дојде на избори, кога одредени албански партии заклучија дека Зоран Заев и неговите социјалдемократи се попосакуван партнер во владата.

Заев стана премиер во 2017 година. Никола Груевски е осуден на две години затвор, а со крилата на Икар одлета во Унгарија, каде доби политички азил.

Во однос на претходниот период, просечниот Македонец овој пат многу брзо заклучи дека Заев не чини за ништо.

Од 2018 до 2020 година, кога и да навратев во Северна Македонија, слушав: „Сите се исти“ или уште поцрно: „Овие се полоши од „Грујо“. Мојот одговор, кој никогаш не наидуваше на разбирање, беше: „Стрпете се уште малку. ВМРО за 10 години направи дупка која во наредните 10 години нема да може да ја закрпите“.

Заев повлекуваше одлучни и не многу популарни надворешно политички потези: го смени името на државата ( и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција), ја воведе на брзина во НАТО, „го отвори Балканот“ со мафијашите од Србија и Албанија, а забите ги искрши на преговорите за ЕУ, кога од Бугарија почнаа да пристигнуваат вета, засновани на негирањето на македонскиот национален идентитет.

Како што обичаите на Западен Балкан наложуваат, гласачите се пет до десет пати построги кон демократските власти отколку кон националистите и мафијата, па така пред некој ден СДСМ е „казнета“ на локалните избори, губејќи дваесетина градови, вклучувајќи го и Скопје.

Ако е ова црвен килим за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, Македонците, како што на Балканот редовно се случија, се казнија самите себеси.

Зоран Заев итно даде оставка на местото премиер и претседател на партијата, што може да се протолкува како „Дувајте го, одам да правам ајвар, слушајте ме, си одгледувам „трава“, да правам ајвар!“. Можеме на Македонците само да им посакаме среќа, но среќата кај нив толку ретко навратува што не умеат да ја препознаат. Како и кај нас.

(Авторот е чудовиште – половина Србин, половина Македонец)

Колумната на познатиот српски писател, музичар, новинар и активист е преземена од Данас.рс.

Видео на денот