Бахреин втор во светот издаде дозвола за вакцината на Фајзер

Кралството Бахреин е втора земја во светот што издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на Фајзер и БиоНТек.

Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, јави денеска државната новинска агенција на Бахреин.

Кралството не соопшти колку дози на вакцина се набавени ниту кога ќе почне вакцинацијата.

Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба на кинеската вакцина што ја разви Синофарм.

Вакцината што ја развија американската компанија Фајзер и германската компанија БиоНTек, прва во средата ја одобри Велика Британија.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот