Бах: Не сакаме Олимписки игри без навивачи

фото: твитер

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах ја отфрлува можноста следната летна Олимпијада да се одржи без гледачи на трибините.

Како што е веќе познато, поради пандемијата на коронавирус беа одложени Олимписките игри за 2021 година.

Но, од друга страна и натаму е прашање каква ќе биде ситуацијата следното лето и дали воопшто ќе се одржи најголемото натпреварување во светот на спортот.

Со оглед на тоа што многу спортови продолжија зад затворени врати, Бах доби прашање дали тоа е една од опциите и за Игрите.

Нашиот план содржи бројки мерки на претпазливост, но одржување на Игри без навивачи не е нешто што сакаме. Работиме на тоа да пронајдеме решение кое ќе го гарантира здравјето на сите учесници, а кое во исто време ќе биде одраз на олимпискиот дух – рече Бах.

Според последните истражувања, повеќе од половина жители на Токио се за ново одложување или откажување на ЛОИ. Планот е Игрите да се одржат на 23 јули 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот