Бах: Не сакаме Игрите во Токио да се одржат без публика!

фото: твитер

ИОК веќе издвои 800 милиони долари за поддршка на организаторите и спортските федерации за дополнителните трошоци за одложување на Олимпијадата.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах се согласува дека 2021 година е „последната шанса” да се одржат одложените Летни Олимписки игри во Токио, потенцирајќи дека неговото одложување не може да трае вечно.

Во март ЛОИ во јапонската престолнина беа одложени до 23 јули 2021 година поради КОВИД-19, кој однесе животи на стотици илјади низ целиот свет и ги блокираше меѓународните спортови и патувања.

ИОК веќе издвои 800 милиони долари за поддршка на организаторите и спортските федерации за дополнителните трошоци за одложување на Олимпијадата.

Ја разбирам позицијата на Јапонија, затоа што 3.000 или 5000 луѓе не можат да бидат вработени во организациониот комитет засекогаш. Не можете да го менувате целиот спортски календар за сите водечки федерации секоја година. Спортистите не можат да продолжат да живеат во несигурност – рече Бах за „Би-Би-Си“.

Реорганизирањето на Олимпијадата е „огромен ризик”, Игрите никогаш не биле откажани во историјата, освен во периодот на двете светски војни. Но, јапонските организатори беа категорични дека нема повторно да го одложат најголемиот меѓународен спортски собир.

Меѓународниот Олимписки комитет постапува според препораките од Светската здравствена организација (СЗО).

Воспоставивме принцип, а тоа е да ги организираме овие Олимписки игри во безбедно опкружување за сите учесници. Никој не знае како ќе изгледа светот за една година и два месеци од денес, затоа мора да се потпреме на експертите – додаде Бах.

Бах одби да коментира дали откривањето на вакцината ќе биде неопходно за Игрите, но не сака тие да се одвиваат без публика.

Едноставно, не го сакаме тоа. Олимпискиот дух е за обединување на навивачите и тоа е она што ги прави Игрите толку уникатни – што се на Олимпискиот стадион, сите навивачи од целиот свет се заедно. Би сакал малку повеќе време да се консултирам со спортистите, со СЗО, со јапонските партнери – се зборовите на претседателот на ИОК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот