Бах: Да му се помогне на спортот да ја надмине оваа криза

фото: твитер

– Владите треба да го вклучат спортот во своите програми за економска поддршка – вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах изјави дека помалку меѓународни натпревари би можеле да се организираат во иднина заради пандемијата од КОВИД-19.

Во писмото до олимписките службеници, Бах го навел „финансискиот притисок” врз организаторите и потребата тие сè повеќе да се усогласуваат со климатските промени.

Можеби ќе треба да погледнеме повнимателно во ширењето на спортски настани, бидејќи сегашната криза ќе доведе до долга и длабока економска криза која ќе има сериозно влијание врз спортот – рече Бах.

Тој посочува дека владите на одделните земји ќе треба да му помогнат на спортот да ја надмине оваа криза.

Владите треба да го вклучат спортот во своите програми за економска поддршка. Само така, тој ќе може да се опорави на глобално ниво – додаде Бах.

Поради пандемијата од КОВИД-19, многу спортски настани беа откажани или презакажани подоцна оваа година, вклучително и Олимпијадата во Токио, Европското првенство во фудбал, тениските грен слем турнири „Ролан Гарос” и „Вимблдон”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот