Баерн заврши голема работа, го продолжи договорот со Кимих

Германскиот репрезентативец се согласи да потпише нов договор со Баерн Минхен/ EPA-EFE/ADAM PRETTY

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен денеска потврди дека еден од клучните играчи, Џошуа Кимиш потпиша нов договор со кој на „Алијанц Арената“ ќе остане до 2025 година.

– Главната причина поради која потпишав нов договор е таа што во Баерн можам да уживам секој ден. Имам тим со кој можам да остварам се, а голем број на играчите ми се и вистински пријатели. Верувам дека во Баерн можам да напредувам и да бидам уште подобар – изјави Кимих.

Според германските медиуми преговорите завршиле експресно бидејќи и фудбалерот и клубот сакаа да ја продолат соработката.
„Со ова испративме порака на сите дека сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи. Кимих ќе продолжи да напредува во Баерн, тој е играч од светска класа со неверојатен менталитет – изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Џошуа Кимих е член на Баерн Минхен од 2015 година и досега одигра  264 натпревари за „баварците“ на кои постигна 30 голови. Со Баерн шест пати ја освои титулата во Бундеслигата, три пати германскиот Куп, пет пати германскиот Суперкуп, како и Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот