Баерн за Левандовски ги бара сите пари одеднаш бидејќи не верува дека Барселона ќе постои за година-две!?

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Челниците на Баерн Минхен конечно попуштија и се согласија да го продадат Роберт Левандовски на Барселона, но под услов каталонскиот тим бараната сума да ја плати одеднаш.

Причината за таквото барање е бидејќи во германскиот тим не веруваат дека Барселона ќе постои за година до две.

Баерн Минхен бара 40 милиони евра за да го пушти Левандовски на „Камп Ноу“, но проблемот е што Барселона нема пари за трансферот. Барселона во летниот преоден рок ги потпиша Френк Кеси и Андреас Кристенсен кои на „Камп Ноу“ дојдоа како слободни играчи, а напаѓачот на Баерн им е главен приоритет до почетокот на сезоната.

Каталонскиот тим до пари би дошол до продажбата на Френки де Јонг кој би требало да се пресели во Манчестер јунајед за сума од 80 милиони евра.

Германските медиуми тврдат дека Барселона потоа ќе се обиде да се договори со Баерн да му плаќа на рати за трансферот на Левандовски, но за такво нешто баварците не сакаат да слушнат бидејќи стравуваат дека Барселона нема да може да се извлече од лошатата финансиска ситуација и ќе банкротира.

– Баерн ќе бара од Барселона да ја плати целата сума од трансферот одеднаш бидејќи управата на баварците не верува дека шпанскиот тим ќе постои за година или две – рече новинарот Рафаел Нонигштајн во подкастот „Тотал фудбал шоу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот