Баерн во лов на неверојатен рекорд стар 48 години

фото: твитер

По враќањето на Бундеслигата по паузата поради коронавирусот, баварците на пет натпревари постигнаа 17 гола, а првиот напаѓач Роберт Левандовски притоа пет пати ги тресеше мрежите.

Фудбалерите на Баерн се назапирливи по продолжувањето на Бундеслигата и се на одличен пат да ја одбранат титулата, но во исто време имаат шанса да соборат рекорд стар дури 48 години.

Сопственик на тој рекорд е токму Баерн Минхен кој во сезоната 1971/72 постигна дури 101 гола, а нивниот легендарен напаѓач Герд Милер во таа сезона даде дури 40 гола.

По паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, Баерн во пет натпревари постигна 17 гола, а првиот напаѓач на тимот, Роберт Левандовски пет пати ги тресеше противничките мрежи.

На четири кола до крајот на сезоната, Баерн има постигнато 90 гола, а Левандовски моментно е на бројката од 30 голови и за да го надминат рекордот од славната генерација од 1970-тите години потребни им се 12 гола во преостанатите четири кола.

Доколку фудбалерите на Баерн продолжат во ист ритам, овој рекорд се очекува да биде соборен, додека постигнувањето на Милер ќе остане недостижно за Левандовски кој поради суспензија ќе го пропушти наредниот натпревар од Бундес лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот