Баерн се откажа, Мбапе би можел да биде новиот „крал“!

Мбапе ја отвори душата во интервју за Радио Монте Карло/ фото: EPA-EFE/David Ramos

Раководството на „Кралскиот клуб“ сè уште не сака да влезе во официјални преговори со управата на ПСЖ затоа што не сака да ги расипе меѓусебните односи..

Баерн Минхен наводно се откажал од ангажирање на Килијан Мбапе кој сѐ уште не се согласил да го продолжи договорот со парижаните, а целата ситуација внимателно ја следи Реал Мадрид.

Тимот од „Сантјаго Бернабеу“ во минатото имаше преговори за купување на некои врвни играчи од редовите на францускиот гигант како Нејмар, Кавани, Единсон Кавани, Адриен Рабио, но без реализација на трансфер.

Париските „светци“ се надеваат дека ќе ја продолжат соработката со Мбапе, но тој веќе некое време одбива да потпише нов договор, а сегашниот му истекува во 2022 година.

Доколку остане таква ситуацијата, тренерот на шпанската екипа Зинедин Зидан планира да започне разговори во јуни 2021 година кога управата од „Паркот на принцовите“ ќе мора да ја намали цената на играчот, во споредба со сегашната, за да може да заработи барем нешто од можниот трансфер.

Не треба да има сомнеж во тактиката на претседателот на Реал, Флорентино Перез кој толку многу пати покажа дека знае како да купи квалитетен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот