Баерн последен пат беше европски шампион во 2013 против Левандовски (ВИДЕО)

фото: EPA/KERIM OKTEN

Еден интересен факт пред вечерашното финале во Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ на стадионот „Да Луж“ во Лисабон (21.00 часот).

Последен пат Баерн ја освои титулата во ова натпреварување во 2013 година и тоа против својот сегашен играч и еден од најдобрите светски напаѓачи.

Роберт Левандовски тогаш ги бранеше боите на Борусија Дортмунд во чии редови исто така беше вистинска „гол-машина“ за период од четири години со освојување на две бундеслигашки титули, по еден трофеј во националниот Куп и Суперкуп.

Во финалето на „Вембли“ стадионот во Лондон (25 мај 2013 година) Полјакот не се запиша во листата на стрелците, баварскиот клуб стрелаше преку Манџукиќ (60`) и Робен (89`), а за „милионерите“ во 68 минута од пенал постигнаа гол благодарение на Гундоган.

Левандовски во јануари 2014 год. беше промовиран како нов член на Баерн и оттогаш со клубот доминира во Германија. Денеска шанса за клубот од Минхен (после седум години) повторно да ја „покори“ Европа, а за полскиот напаѓач нов обид за првпат во кариерата да освои титула во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот