Баерн попушти и ја одреди цената за „слободата“ на Левандовски

Левандовски и „намигна“ на Барселона/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германскиот шампион Баерн Минхен конечно попушти и е подготвен да го пушти Роберт Левандовски да си оди и ја одреди цената за неговата слобода, пишува „Билд“.

Според германскиот магазин, челниците на Баерн ќе му дозволат на Левандовски да си замине откако го потпишаа Садио Мане, но заинтересираните екипи ќе мора да платат 60 милиони евра.

Како иден клуб на одличниот напаѓач се споменува Барселона, но каталонскиот тим ќе мора длабоко да брцне во своите џебови. Барселона неодамна достави понуда за Левандовски од 40 милиони евра (35 милиони плус 5 во бонуси), но Баерн експресно ја одби.

Каталонскиот новинар Жерар Ромеро тврди дека Барселона ќе достави нова понуда за Левандовски, но таа нема да биде поголема од 50 милиони евра што значи дека Баерн ќе мора да ги намали барањата и се очекува да дојде до договор меѓу двете екипи веќе наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот