Баерн подготвува чистка на лето, прв ќе лета Перишиќ

twitter/FC Bayern English

Хрватскиот репрезентативец во германскиот тим игра на едногодишна позајмица, но нема да му биде откупен договор.

Иван Перишиќ нема долго време да се задржи во Баерн Минхен, тврди германскиот весник „Билд“ кој не греши кога станува збор за информациите поврзани со германскиот шампион.

Баварците одлучија дека на крајот од сезоната нема да го откупат договорот на Перишиќ и ќе го вратат во Интер. Челниците на екипата не се задоволни од учинокот на Перишиќ кој на 12 натпревари во Бундес лигата постигна само три гола и имаше три асистенции, додека во шесте натпревари во Лигата на шампионите постигна еден гол и оствари три асистенции.

twitter/GilaBola

Баварците исто така не се задоволни ниту од вториот фудбалер кој настапува како позајмен фудбалер, Фелипе Кутињо. Баерн нема намера да плаќа 120 милиони евра обесштетување за Бразилецот и ќе го врати во Барселона по завршување на сезоната.

Освен со позајмените фудбалери, челниците се подготвени да се разделат и со уште неколку играчи кои се „сенатори“ во клубот. Се поизвесно е дека на лето ќе си замине и голманот Мануел Ноер. Ноер е незадоволен со купувањето на талентираниот германски голман Александер Нубел од Шалке на кого му е ветено дека ќе добие минутажа на помалку важните натпревари.

Ноер не е расположен да му го отстапи местото помеѓу статитвите на Нубел, но спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ се спротивстави на ваквиот предлог на стандардниот голман на Баерн и на германската репрезентација. По ваквиот расплет на случаите, Ноер му наложи на својот агент да започне преговори со Јувентус за евентуален летен трансфер.

„Билд“ пишува дека на излезни врати се уште и долгогодишните првотимци Жером Боатенг, Хави Мартинез и Тиаго Алкантара, а најголема заработка во летниот преоден рок се очекува да донесе Давид Алаба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот