Баерн подготви 200 милиони евра за нов напад од соништата

twitter/Premier League

Германскиот тим има големи амбиции за летниот преоден рок и планира рекордна потрошувача кога станува збор за засилувата.

Новиот тренер на Баерн Минхен во идната сезона најверојатно ќе биде Томас Тухел, кој поради кавгата со Килијан Мбапе ќе мора да си замине од ПСЖ. Според медиумите во Германија, Тухел има усен договор со челниците на баварците и од идната сезона ќе го предводи најтрофејниот германски тим.

Управата планира да му обезбеди огромна сума за засилувања на Тухел, дури 200 милиони евра, кои ќе бидат употребени за купување на двајца напаѓачи од Премиер лигата со што Баерн би имал напад од соништата.

Покрај Левандовски кој ќе биде предводник на нападот на Баерн и идната сезона, најголема желба на челниците на Баерн и на Тухел, е одличниот фудбалер на Ливерпул, Роберто Фирмињо за кого се подготвени да понудат дури 100 милиони евра.

Доколку не успеат да се договорат со Ливерпул за одличниот Бразилец, резервна опција за Баерн и Каи Хаверц од Баер Леверкузен кој би бил поевтина опција.

Вториот трансфер е речиси сигурен, станува збор за Лерој Сане од Манчестер сити. Германскиот репрезентативец одби да преговара со управата на „граѓаните“ за нов договор и јавно изрази желба да се врати во Бундес лигата.

Од Тухел се очекува да го подмлади тимот и за таа цел управата е подготвена да ги жртвува Томас Милер, Жером Боатенг, Хави Мартинез и Тоаго Алкантара, а со евентуална нивна продажба би се финансирале купување на уште неколку млади германски фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот