Баерн од Мадрид со неверојатен предлог за Родригез

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

После двегодишната позајмица од Реал, челниците на баварскиот великан одлучија да не го откупат договорот на Родригез кој не задоволи и се очекува да се врати во Мадрид.

Раководството на Атлетико не сака да соработува со градскиот ривал, сакаат единствено да комуницираат со клубот од „Алијанц“, а ова е секако еден неверојатен предлог.

Баерн од Минхен има за цел да му договорат трансфер на играчот и тоа во лутиот градски ривал на „кралевите“.

Атлетико Мадрид има одличен однос со Баерн, па преку германскиот шампион ќе се обидат да ја договорат преселбата на Родригез.

„Јорганџиите“ бараат од Германците да го откупат договорот за 42 милиони евра, колку што Реал бара за неговите услуги, а потоа тие од Баварците го откупат за 60 милиони евра.

Хамес оваа сезона во 28 натпревари за Баерн е стрелец на седум голови и запишани шест асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот