Баерн немоќен, суперкуп титулата за Дортмунд (ВИДЕО)

twitter.com/BVB

Во првото полувреме немаше голови, најблиску до гол беше Дортмунд, поточно Пако Алкасер, Нојер излета многу длабоко, но за негова среќа топката помина покрај стативата.

„Милионерите“ тргнаа уште поофанзивно во вториот дел и тоа се исплатеше веќе во 48 минута од средбата.

Одлично помина Џејдон Санчо по десната страна, убаво му асистираше на Алкасер кој овојпат не згреши и беше прецизен од околу 16 метри за водство.

Конечните 2:0 ги постави токму асистентот Санчо во 69 минута кој ја искористи својата брзина, направи соло акција и рутински го матираше Мануел Нојер.

За Борусија ова е шести трофеј во германскиот Суперкуп, прв од 2014 година, само еден помалку од баварскиот гигант на листата освојувачи на ова натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот