Баерн на чекор до титулата (ВИДЕО)

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Екипата на Баерн Минхен со 3:1 го совлада Хановер и направи уште еден чекор кон одбрана на титулата во Бундес лигата. Баварците по 32 одиграни кола имаат 74 бодови, пет повеќе од Борусија Дортмунд која пак има и натпревар помалку.

Лидерот на табелата, дилемите околу победникот ги реши во првото полувреме кога со головите на Левандовски и на Горецка поведе со 2:0. Во второто полувреме, Хановер преку Џонатас во 51. минута намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Франк Рибери на шест минути до крајот.

Резултати (32. Коло): Борусија М. – Хофенхајм 2:2, Баерн – Хановер 3:1, Херта – Штутгарт 3:1, Волфсбург – Нирнберг 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот