Баерн може да дава голови и без Левандовски, сигурна победа на „милионерите“ (ВИДЕО)

epa08788769 Bayern's Thomas Muller scores the 1-0 goal during the German Bundesliga soccer match between 1. FC Koln and Bayern Munich in Cologne, Germany, 31 October 2020. EPA-EFE/Marius Becker / POOL

Фудбалерите на актуелниот германски и европски шампион Баерн Минхен го победија Келн со 1:2 во шестото коло од Бундеслигата.

Тренерот на Баерн, Ханси Флик, одлучи да му даде одмор на својот најдобар напаѓач Роберт Левандовски, но неговото отсуство не се почувствува против Келн. Баварците двата гола ги постигна ги постигнаа уште во првото полувреме, првиот гол беше дело на Томас Милер кој во 13. минута го реализираше пеналот кој беше досуден по играњето со рака на дефанзивецот на Келн, Волф.

Во самиот финиш од првиот дел, Серж Гнабри по одлична соло акција зголеми на 2:0 по што рутински го одработи второто полувреме. Домашниот тим во финишот, во 82. минута преку Доминик Дрекслер успеа да намали на 1:2 но немаше сили да дојде до израмнување. Со победата Баерн се искачи на првото место на табелата со 15. бода, додека Келн има само два бода за 16. позиција.


Сигурен настап на гостински терен имаше и Борусија Дортмунд која со 0:2 ја совлада Арминија Билефелд. Заслугите за победата одат на сметка на дефанзивецот Матс Хумелс кој ги постигна двата гола, првиот во 53. минута, а вториот во 71. минута.

Аугсбург со 3:1 го совлада Келн додека Ајнтрахт и Вердер ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот