Баерн Минхен го промовираше Кутињо (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Баерн Минхен го промовираше Кутињо (ФОТО)

Германскиот шампион ќе има опција да го откупи 27-годишниот фудбалер по истекот на договорот како позајмица на 30 јуни 2020 година.

Информациите велат дека Барса од оваа позајмица профитирала 8.500.000 милиони евра, а наредното лето Германците ќе имаат опција да го откупат Бразилецот за сума од 120.000.000 милиони евра.

Доколку ја искористат таа опција, Кутињо би бил убедливо најскапо платениот фудбалер во историјата на германскиот шампион и комплетната Бундес лига. Тој рекорд досега го има идниот соиграч Лукас Ернандез, кој ова лето дојде за 80.000.000 евра од Атлетико Мадрид.

– За мене овој потег значи нов предизвик во нова земја со еден од најдобрите клубови во Европа. Едвај чекам да бидам на теренот. Со Баерн имам големи амбиции и убеден сум дека можеме заеднички да ги оствариме целите – рече Кутињо.

Баерн направи два големи чекори кон решавање на проблемот со заминувањето на легендарниот тандем Франк Рибери-Арјен Робен. Прашање е само како Нико Ковач ќе ги распореди Кутињо и Иван Перишиќ, кој дојде нешто порано од милански Интер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close