Баерн Минхен „ги украде“ младите ѕвезди на Ајакс пред конкуренцијата

Рајан Гравенберх и Нусаир Мазрауи кариерата ќе ја продолжат во Бундеслигата/ фото: ЕPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен договори две засилувања од Ајакс за летниот преоден рок, тврди новинарот Алфредо Педула.

Во редовите на холандскиот шампион во Баерн ќе пристигнат едни од најбараните играчи на стариот континент, Рајан Граненберх и Нусаир Мазрауи.

Конкуренција за германскиот тим за Гравенберх беше Јувентус, но Баерн се согласи да плати повеќе, 28 милиони евра за 19-годишниот фудбалер. Гравенберх во Баерн ќе има годишна плата од 4.3 милиони евра.


Во трката за Мазрауи беа и ПСЖ, неколку премиерлигаши и Барселона за која сите сметаа дека има најмногу шанси, но Баерн ја победи конкуренцијата така што со фудбалерот лично разговараа  претседателот Оливер Кан и тренерот Јулијан Нагелсман.

Мазрауи на „Алијанц“ Арената во Минхен доаѓа како слободен играч бидејќи договорот со Ајакс ќе му истече на крајот од сезоната, а во Баерн го чека плата од четири милиони евра плус бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот