Баерн ја реши дилемата, Флик останува тренер

twitter/Futball News

Челниците на Баерн Минхен по неколкунеделни размислувања и преговори со евентуалните наследници на Нико Ковач, одлучија привременото решение, Ханси Флик да добие договор до крајот на сезоната.

Ова значи дека баварците нема да бараат тренер за време на зимската пауза и ќе му дадат шанса на Флик.

– Баерн Минхен е задоволен од работата на Ханси Флик, резултатите по неговото доаѓање се според очекуваното, а шесте победи во шесте натпревари во ЛШ поставија клупски рекорд. Веруваме дека Баерн Минхен со Флик на клупата ќе освои многу трофеи оваа сезона – изјави претседателот на Баерн, Карл–Хајнц Румениге.

Тренерот веста дека ќе остане на клупата на Баерн ја дозна по триумфот над Волфсбург (2:0).

– Успеав да ја добијам довербата на раководството до крајот на сезоната и ќе се трудам максимално да ја оправдам. Навистина уживам во работата со фудбалерите, имаме одличен тим и ќе се бориме за трофеи на сите фронтови. Сега треба да ги наполниме батериите и да се подготвиме добро за предизвиците во 2020 година – изјави Флик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот