Баерн ја најде замената за Ковач, но тој доаѓа на крајот од сезоната

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Баерн Минхен вчера и официјално го отпушти тренерот Нико Ковач поради лошите резултати во досегашниот дел од сезоната. Иако Ковач уште од стартот на сезоната беше на удар на медиумите поради слабите игри, чашката се прели по дебаклот во Франкфурт каде Ајнтрахт славеше со 5:1.

Медиумите веднаш почнаа со шпекулациите околу наследникот на Ковач, и засега фаворити се Жозе Мурињо кој цела година е без работа и поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри кој е фаворит на поголем дел од германската јавност.

Сепак, денеска германскиот „Билд“ кој ретко греши кога се во прашање информациите поврзани со Баерн, тврди дека челниците на германскиот шампион го пикираа тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. И самиот Тен Хаг е заинтересиран да седне на клупата на Баерн, но тоа не сака да го направи во текот на сезоната, туку ќе почека да завршат првенствата и во Германија и во Холандија.

На првиот разговор кој го имал со претседателот Карл Хајнц Румениге, младиот холандски стратег порачал дека ја прифаќа понудата и сака да започне со работа идното лето, но сè уште не е познато дали ова му одговара на баварскиот тим.

Ерик тен Хаг има работено во Баерн Минхен, тој беше тренер на втората екипа на Баерн две сезони кога првиот тим го предводеше Пеп Гвардиола. Минатата сезона Ајакс предводен од Тен Хаг ја освои двојната круна во холандскиот шампионат додека во Лигата на шампионите секунди го делеа од пласман во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот