Баерн ја најде замената за Ковач, но тој доаѓа на крајот од сезоната

Баерн Минхен вчера и официјално го отпушти тренерот Нико Ковач поради лошите резултати во досегашниот дел од сезоната. Иако Ковач уште од стартот на сезоната беше на удар на медиумите поради слабите игри, чашката се прели по дебаклот во Франкфурт каде Ајнтрахт славеше со 5:1.

Медиумите веднаш почнаа со шпекулациите околу наследникот на Ковач, и засега фаворити се Жозе Мурињо кој цела година е без работа и поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри кој е фаворит на поголем дел од германската јавност.

Сепак, денеска германскиот „Билд“ кој ретко греши кога се во прашање информациите поврзани со Баерн, тврди дека челниците на германскиот шампион го пикираа тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. И самиот Тен Хаг е заинтересиран да седне на клупата на Баерн, но тоа не сака да го направи во текот на сезоната, туку ќе почека да завршат првенствата и во Германија и во Холандија.

Прочитајте и...  „Ла Лига“: Барди со Меси и Бензема во тимот на месецот! (ФОТО)

На првиот разговор кој го имал со претседателот Карл Хајнц Румениге, младиот холандски стратег порачал дека ја прифаќа понудата и сака да започне со работа идното лето, но сè уште не е познато дали ова му одговара на баварскиот тим.

Ерик тен Хаг има работено во Баерн Минхен, тој беше тренер на втората екипа на Баерн две сезони кога првиот тим го предводеше Пеп Гвардиола. Минатата сезона Ајакс предводен од Тен Хаг ја освои двојната круна во холандскиот шампионат додека во Лигата на шампионите секунди го делеа од пласман во финалето.

Прочитај повеќе

НБА: Нема одење во Орландо без три негативни теста на коронавирус

Слободен печат

Ливерпул ги распродаде дресовите, спонзорот одби да обезбеди нови

Слободен печат

Милан со шампионска „услуга“ за Јувентус! (ВИДЕО)

Слободен печат

Баерн го освои и Купот на Германија (ВИДЕО)

Слободен печат

Арсенал ја забележа и третата победа во низа! (ВИДЕО)

Слободен печат

Кокошков и официјално тренер на Фенербахче

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

После 43 обиди, Роналдо конечно реализираше од слободен удар! (ВИДЕО)

Слободен печат

Манчестер јунајтед стана „гол-машина“ во Премиер лигата! (ВИДЕО)

Слободен печат

Буфон е новиот рекордер во италијанската Серија А

Слободен печат

Ф1: Ботас на пол позиција во Австрија

Слободен печат

Ангеловски: Очекувам многу од Елмас, може да биде лидер

Слободен печат

Поминаа точно 16 години од најголемото европско фудбалско чудо! (ВИДЕО)

Слободен печат