Баерн ја изненади Барселона во плеј-офот во Евролигата

Кошаркарите на Баерн го изненадија фаворитот во Евролигата/ фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Кошаркарите на Баерн Минхен приредија изненадување во вториот натпревар од плеј-оф серијата со Барселона и славеа на гости со 75:90 со што израмнија на 1:1 во победи.

Барселона само во еден момент имаше водство (16:14), а остатокот од натпреварот баварскиот тим беше во водство и тоа најголем дел беше двоцифрено.

Дешон Томас со 25 поени и 7 скока беше најдобар во редовите на Баерн Минхен, а се истакна и Андреас Обст со 15 поени. Кај Барселона по 16 поени дадоа Николас Лапровитола и Никола Миротиќ.

Олимпија Милано не дозволи актуелниот европски шампион Анадолу Ефес да слави и на вториот натпревар во Италија и славеше со 73:66 со што израмни на 1:1 во серијата. Шевон Шилдс во финишот беше нерешлива енигма за играчите на Анадолу Ефес.

Шилдс постона до 21 поен, а Серхио Родригес даде 17 поени за Олимпија Милано, додека најдобри во турскиот тим беа Шејн Ларкин со 19 поени и Василије Мициќ со 18 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот