Баерн има нов бек, но сите чекаат потврда на големиот трансфер

фото: твитер

Тангуј Нианзу Куаси, младиот репрезентативец на Франција, го напушти ПСЖ и денеска како слободен играч потпиша за Баерн.

Челниците на ПСЖ иако најавуваа со месеци дека ќе го задржат талентираниот дефанзивец и дека ќе биде продолжена соработката, на крајот 18-годишниот играч одлучи да го носи дресот на баварскиот гигант.

Потпиша договор со германскиот шампион до 30 јуни 2024 година, негова примарна позиција е централен бек, но може да игра на различни позиции во одбраната.

Можно е во текот на денешниот ден Баерн да потврди уште едно големо засилување. Станува збор за досегашниот играч на Манчестер сити, Лерој Сане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот