Баерн има неверојатна генерација, со Сане и Хаверц ќе владее во Европа

фото: твитер

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, верува во младите фудбалери на германскиот шампион.

Хенес истакна дека Баерн е на вистински пат да направи неверојатно добра генерација која многу брзо ќе се дојде до трофејот во Лигата на шампионите.

– Баерн е на вистинскиот пат, имаме фантастична генерација. Кога ќе помислам дека Баерн успеа да го продолжи договорот со Ноер, во тимот се Кимих, Зуле, Левандовски, а се надевам дека наскоро нови договори ќе потпишат и Алаба и Алкантара. Со Кингсли Коман, Серж Гнабри и се надевам Лерој Сане ќе имаме млад и талентиран тим – вели Хенес.

twitter/Bayern & Germany

Поранешниот претседател очекува во летниот преоден рок, управата да успее да го донесе Сане на „Алијанц Арена“, а се надева дека ќе дојде и до потписот со уште еден германски дијамант, Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

– Можам да замислам дека Сане ќе пристигне во Баерн. Ако работите одат како што треба тоа ќе биде нова ера на Баерн Минхен. Секако дека би сакал да го имаме и Каи Хаверц во тимот, но во овие моменти не можеме да ја знаеме екомонската состојба во фудбалот поради што не е пожелно да се ризикува со реализација на големи трансфери – додава Хенес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот