Баерн им ги намали платите на играчите кои не се вакцинирани против коронавирус

Стапката на заразеност од ковид-19 во Германија оваа недела достигна рекордно ниво/Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Според германските медиуми, покрај Џошуа Кимих, во Баерн Минхен не се вакцинирани уште Серж Гнабри, Џамал Мусиала, Ерик Максим Чупо-Мотинг и Микаел Кјуизанс.

Баварскиот гигант одлучи да им ги намали платите на своите фудбалери, кои не се вакцинирани против коронавирус и поради тоа ќе бидат сместени во карантин.

Кимих во петокот заврши во карантин, откако беше во контакт со заразено лице, а до сега одбиваше да се вакцинира.

Кимих (26) минатиот вторник излезе од уште една изолација, откако беше во контакт со соиграчот Никлас Зиле, кој беше позитивен на ковид-19.

Стапката на заразеност во Германија оваа недела достигна рекордно ниво, а процентот на вакцинирани е под 70 проценти. Покраините Баварија и Саксонија, кои се меѓу најтешко погодените од новиот бран на коронавирус, во петокот објавија дека ги откажуваат сите божиќни саеми, како и дека воведуваат нови ограничувања.

Во петокот Баерн беше поразен на гостувањето од Аугсбург со 2:1, но и натаму се наоѓа на водечкото место во Бундеслигата со еден бод повеќе (28) од Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот