Баерн и против Севиља докажа дека е најдобар во Европа! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Attila Kisbenedek/POOL

Денеска на „Пушкаш“ Арената во Будимпешта (Унгарија) се одигра натпреварот од УЕФА Суперкупот помеѓу најдобрите од минатата сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Како најава за новата сезона, составот на Баерн Минхен (освојувачот на ЛШ) докажа уште еднаш зошто моментно е најдобар клуб во Европа. Баварскиот гигант после двете продолженија со конечен резултат 2:1 беше подобар од шампионот на ЛЕ, Севиља.

Германците по вторпат доаѓаат до трофејот во УЕФА Суперкупот, претходно тоа им успеа во 2013 година, а Шпанците остануваат на единствениот од 2006.

Први во предност дојде Севиља со голот на Аргентинецот Окампос кој беше прецизен од белата точка во 13 минута од средбата (0:1), претходно прекршок во казнетиот просто направи Алаба.

Израмнувањето се случи во 34 минута кога полскиот интернационалец Левандовски асистираше до Горецка (1:1). Во 51 минута Левандовски ја затресе мрежата на Боно, но погодокот беше поништен поради офсајд позиција после прегледаната ВАР снимка од страна на англискиот судија А. Тејлор.

Победникот го дознавме во продолженија, а таму во 103 минута нововлезениот Мартинез беше херојот на Баерн (2:1).

Има и еден интересен податок околу Хави Мартинез, на УЕФА Суперкупот во 2013 против Челси израмни во 120 минута да го одведе мечот во пенал серијата и го освои трофејот.

Седум години подоцна влегува на теренот од клупата да го постигне победничкиот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот