Баерн и кажа „Не“ на Суперлигата

epa08621600 Team of FC Bayern celebrates winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 23 August 2020. EPA-EFE/Miguel A. Lopes / POOL

Сè уште актуелниот европски шампион Баерн Минхен, денеска и официјално потврди дена нема да учествува во новоформираната Суперлига.

Во неделата вечерта, 12. најбогати европски клубови (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Ливерпул, Тотенхем, Јувентус, Интер и Милан) ја формираа Суперлигата која ќе биде независна од УЕФА.

Иако се шпекулираше дека Баерн Минхен ќе биде еден од клубовите кои ќе и се приклучат на Суперлигата, денеска пристигна официјалниот одговор од германскиот тим.
– Нашите членови и навивачи не ја сакаат Суперлигата. Нашата желба е европските клубови да учествуваат во убаво и емотивно натпреварување какво што е Лигата на шампионите и сите да се развиваат заедно со УЕФА. Баерн и вели „Не“ на Суперлигата – изјави претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.

Еден ден претходно можеше да се претпостави каква ќе биде реакцијата на германскиот тим на повикот да се приклучи на Суперлигата бидејќи извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге беше именуван за прв човек на извршниот комитет на УЕФА и претседател на Европската клупска асоцијација (ЕЦА) од која си замина Андреа Ањели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот