Баерн и Херта ја стартуваат Бундес лигата

Баерн и сезонава со шампионски амбиции/Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Возбудувањата во Бундес лигата ќе стартуваат со дуелот меѓу бранителот на титулата, Баерн од Минхен и Херта Берлин со почеток од 20.30 часот.

Вицешампионот Борусија Дортмунд на домашен терен ќе го пречека Аугсбург, а третопласираниот од ланската сезона, Лајпциг гостува кај Унион Берлин.

Иако до сега настапуваше за У19 јуниорската екипа на Келн, се најавува дека можно и во следниот период нашиот Дарко Чурлинов да тренира со првиот тим, па затоа и ќе одвоиме дека овој клуб во првото коло се соочува со Волфсбург на гостински терен.

Бундес лига, сезона 2019/20

Двојки, прво коло:

16 август (петок)
Баерн Минхен-Херта Берлин

17/18 август (сабота/недела)
Борусија Дортмунд-Аугсбург
Баер Леверкузен-Падерборн
Борусија Менхенгладбах-Шалке
Волфсбург-Келн
Ајнтрахт Франкфурт-Хофенхајм
Вердер Бремен-Фортуна Дизелдорф
Фрајбург-Мајнц
Унион Берлин-Лајпциг

Целиот распоред на натпревари за сезоната 2019/20 во Бундеслигата можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот