Баерн го руши рекордот поради ѕвезда на Сити

EPA-EFE/PETER POWELL

Лерој Сане иако во минатата сезона беше прогласен за најдобар млад игра во Премиер лигата, во оваа сезона падна во немилост на менаџерот на Манчетсер сити, Пеп Гвардиола. Поради тоа, Сане најави дека на лето ќе го напушти англискиот шамион, а медиумите објавуваат дека тој ќе се врати во Германија и ќе потпише за Баерн Минхен.

Челниците на Баерн веќе започнале преговори со „граѓаните“ за евентуален трансфер на германскиот репрезентативец.
Баерн Минхен во Сане го гледа идеалниот наследник на Франк Рибери и Арјен Робен кои на лето си одат од баварскиот тим. Баерн е подготвен да плати рекордни за него, 90 милиони евра, како обесштетување.

Германскиот тим планира голем ремонт на екипата, веќе ги ангажира Лукас Ернандез (80 милиони евра) од Атлетико Мадрид, Бенјамин Павар (35 милиони) од Штутгарт и талентираниот Јан-Фете Арпо (3 милиони) од Хамбург, а подготвува понуда од 100 милиони евра за Пауло Дибала од Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот