Баерн го освои и Купот на Германија (ВИДЕО)

фото: твитер

Претходно ја одбрани титулата во Бундеслигата, вечерва ја комплетираше „двојната круна“, а сега следна цел на баварскиот гигант ќе биде Лигата на шампионите.

Денеска во големото финале од Купот на Германија на Олимпискиот стадион во Берлин екипата на Баерн Минхен триумфираше над Баер Леверкузен со 4:2.

После првото полувреме играчите на Флик водеа со 2:0 благодарение на головите на Алаба и Гнабри. Во вториот дел Левандовски ја зголеми предноста од 3:0, па намали Бендер во 63 минута од средбата.

Својот втор гол Левандовски во 89 минута го запиша и вториот погодок, а Баер успеа да постигне уште еден гол од пенал преку Хаверц.

По 13 пат во својата клупска историја Баерн во Германија ја комплетира „двојната круна“ со освојување на првенството и Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот