Баерн го купува најголемиот талент во германскиот фудбал!? (ВИДЕО)

фото: твитер

Најавата за доаѓање на овој германски репрезентативец го налути Томас Милер, бидејќи клубот ги замоли играчите да се откажат од дел од платата…

Баерн Минхен е прв фаворит за ангажирање на најголемиот талент во германскиот фудбал, Каи Хаверц, пишува англискиот „Телеграф“.

21-годишниот Хаверц нема да си замине од Баер Леверкузен за помалку од 80 милиони евра, а покрај Баерн, за играчот за врска во нападот интерес покажуваат уште Манчестер јунајтед и Челси.

Според изворот, баварскиот гигант има намера да го доведе и Лерој Сане во летниот период и така го освежи офанзивниот дел за следната сезона.

Најавата за доаѓање на овој германски репрезентативец го налути Томас Милер, бидејќи клубот ги замоли играчите да се откажат од дел од платата, а сега сака да издвои огромна сума за најголемиот талент во германскиот фудбал.

Хаверц оваа сезона реализираше 15 голови и осум асистенции во сите натпревари оваа сезона. Според „Трансфермаркт“ моментно неговата вредност е 81 милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот