Баерн ги прекина преговорите: Алаба ќе ја напушти екипата како слободен играч!

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Веќе неколку месеци Австриецот и Баерн Минхен не можат да најдат заеднички јазик кога станува збор за продолжување на договорот, а сега германскиот клуб донесе одлука тој да го напушти клубот како слободен играч.

Договорот на Давид Алаба со баварскиот гигант важи до крајот на оваа сезона, а челниците на германскиот шампион повеќе пати му нудеа договори кои тој ги одби.

Алаба побара многу повеќе пари отколку што му понудија Баварците, а тој не одговори ниту на последната понуда.

– Му понудивме многу добра и фер понуда во овие тешки времиња. Му рековме дека сакаме да добиеме одговор до крајот на октомври, но не го добивме. После тоа контактиравме со неговиот менаџер кој рече дека понудата не е доволно добра.

Барса за 80 милиони евра ќе го продаде Тер Штеген!?

Сега во целост одлучивме да ги завршиме преговорите и повеќе нема да му нудиме нов договор – вели претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Алаба е во Баерн од 16-годишна возраст, а веќе во јануари ќе може да потпише договор со нов клуб, кој ќе стане валиден од 1 јули 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот