Баерн ги откажа преговорите со Манчестер јунајтед за Сабицер

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерот на Баерн, Марсел Сабицер не беше на денешниот тренинг, тој изрази желба да го напушти клубот од Минхен, но Баварците на крајот се откажаа од преговорите и решија да го задржат докажаниот играч за врска во своите редови.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо тврдеше дека австрискиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, иако првично имаше информации дека играчот би можел да се пресели во Челси.

Се шпекулира дека имало преговори меѓу клубовите, а Сабицер преку своите агенти му рекол на Јунајтед дека би бил многу среќен да се приклучи на тимот од „Олд Трафорд“.

Во 2021 година, фудбалерот дојде во Баерн од Лајпциг за 15 милиони евра.

Оваа сезона одигра 24 мечеви во сите натпреварувања и постигна еден гол. Тој има важечки договор со германскиот шампион до јуни 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот