Баерн гази во Бундеслигата, Левандовски руши рекорди (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн Минхен, направи уште еден голем чекор кон одбрана на трофејот со убедливиот триумф од 5:0 над Фортуна Дизелдорф.

Баварците на пет кола до крајот на сезоната имаат 10 бода повеќе во однос на второпласираната Борусија Дортмунд која утре игра против Падерборн.

Натпреварот го одбележа еден од најдобрите напаѓачи на светот, Роберт Левандовски кој го постигна третиот гол за својата екипа и успеа да дојде до неверојатно постигнување. Левандовски на сите екипи во Бундеслигата им даде барем по еден гол во една сезона.

Гол серијата на баварците ја отвори Јоргенсен во 15. минута со автогол, а потоа следеа головите на Павар, двата гола на Левандовски, а последниот гол беше дело на Алфонсо Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот