Баерн експресно најде замена за Ренато Санчез

Баерн Минхен се согласи да го продаде Ренато Санчез на францускиот Лил за 20 милиони евра плус пет милиони во бонуси, и експресно најде замена за Португалецот.

Германскиот шампион е подготвен да плати 40 милиони евра за фудбалерот на Еспањол, Марк Рока. Иако шпанскиот тим не сака да го продаде Рока, во договорот има клаузула која изнесува токму 40 милиони евра и Баерн Минхен е подготвен да го плати тој износ, по што Еспањол се согласи на трансфер.

Марк Рока ја помина комплетната младинска школа на Еспањол, а настапување и за младите шпански репрезентации. Трансферот во Баерн Минхен сигурно ќе го приближи и со првиот тим на „црвената фурија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот