Баерн е повторно „неуништлив“: Изгледа било до тренерот..! (ФОТО)

twitter.com/Bundesliga_EN

После шокантниот пораз на 2. ноември на гостин во Бундес лигата кај Ајнтрахт Франкфурт (5:1), тренерската клупа ја напушти Нико Ковач.

Хрватскиот стратег и пред овој пораз беше под силен притисок поради слабите резултати сезонава, но дуелот со Ајнтрахт ја „прели чашата“.

Германскиот шампион моментно после тој натпревар го води Ханс-Дитер Флик кој засега се покажува како прав потег. Веќе четири мечеви по ред Баерн знае само за триумф, односно постигна вкупно 16 голови, не прими ниту еден.

Го совлада дома Олимпијакос (2:0) во Лигата на шампионите, па во Бундес лигата беше подобар од Дортмунд (4:0) и Дизелдорф (0:4), и во вторникот на гости кај Црвена звезда (0:6).

Баварците веќе обезбедија настап во осминафиналето на ЛШ и моментно се третопласирани во германскиот шампионат со 24 бодови, еден помалку зад водечкиот тим на Б. Менхенгладбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот