Баерн е изненаден што никој друг не го сака Левандовски

Роберт Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен/ фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Во Баерн од Минхен сè уште не сакаат да се разделат со Роберт Левандовски, кој сака да замине во Барселона и тоа воопшто не го крие. Највисоката понуда на Шпанците досега беше за 40+10 милиони евра, но беше одбиена.

И додека е јасно дека и натаму нема трансфер на Полјакот поради немањето доволно пари од страна на Каталонците, германскиот клуб е изненаден што другите тимови не се обиделе да ја искористат можноста, тврди „Спорт“.

Раководството на Баварците очекуваше сериозен интерес за играчот, но во моментов нема други понуди. Како можни дестинации на Левандовски се споменуваат Челси и Пари Сен Жермен, но не се водат никакви преговори.

Баерн започнува со тренинзи на 12 јули и ќе биде интересно да се види дали полскиот напаѓач ќе се појави на време.

Левандовски има важечки договор со бундеслигашкиот шампион до 30 јуни 2023 година и моментно неговата вредност според „Трансфермаркт“ е 45 милиони евра.

Баерн за Левандовски ги бара сите пари одеднаш бидејќи не верува дека Барселона ќе постои за година-две!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот