Баерн без милост, покер на „милионерите“ (ВИДЕО)

twitter/barcacentre

Баерн Минхен денеска на атрактивен стави крај на серијата од два порази по ред во Бундес лигата. Баварците со 6:1 го торпедираа Вердер кој преку голот на Милот Рашица во 24.минута го отвори резултатот.


Но, ефектниот гол на гостите само ги налути фудбалерите на Баерн кои до крајот постигнаа дури шест голови за убедлив триумф. Фелипе Кутињо постигна хет–трик, Левандовски даде два гола, а во листата на стрелците се запиша и Томас Милер.

Борусија Дортмунд исто така оствари убедлива победа, „милионерите“ како гости со 0:4 го совладаа Манјнц со головите на Ројс, Санчо, Азар и Шулц.


Резултати: Баерн – Вердер 6:1, Келн – Баер Л. 2:0, Херта – Фрајбург 1:0, Мајнц – Борусија Д. 0:4, Падерборн – Унион Берлин 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот