„Баделки“ убедливи против босанскиот Бановиќи, чекор поблиску кон ВАБА Суперлигата

Трета победа за ЖКК Бадел 1862 во ВАБА женската кошаркарска лига/Фото: wbcbadel1862.com.mk

Трета победа на македонскиот женски кошаркарски клуб Бадел 1862 за чекор поблиску во ВАБА Суперлигата. „Баделки“ вечерва ја совладаа екипата на РМУ Бановиќи од Босна и Херцеговина со убедливи 85:55 (32:11, 20:20, 19:5, 14:19).

Бадел 1862 целосно доминираше во текот на сите 40 минути, цврсти во одбраната, конкретни во нападот. Фуриозната прва четвртина за „плус 21“ позитива на крилјата на расположената Александра Стојановска во улогата на поентер и Марија Димитријевиќ како асистент, резултираше со игра без грч во останатите три четвртини.

Александра Стојановска натпреварот го заврши со 30 постигнати поени, погодувајќи 10 од 13 шута од поле за одлични 76% прецизност од поле. Додаде и по два скока, асистенции и блокади и три украдени топки за севкупен индекс од 33. Најефикасна во редовите на РМУ Бановиќи беше Рахмановиќ-Лачиќ со 18 поени.

„Баделки“ до крајот на групната фаза треба да одиграат уште против Пламен Пожега (гости) и Партизан 1953 (дома). За остварување на главната цел потребна им е уште една победа.

Моментно во групата „Б“ води Монтана со 15 бодови, пред Пламен Пожега со 14, потоа 13 има Цинкарна Целје, на четвртата позиција е Бадел 1862 со 11, а по осум Партизан и Бановиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот