Бабовски: Почна аплицирањето за добивање два денари субвенција за килограм произведено и предадено винско грозје

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите производители на грозје дека од денеска, па сè до 25 декември 2020 година, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.

–  Сите земјоделци кои произвеле и предаделе грозје од овие сорти, ќе треба да аплицираат до 25- ти декември. Сите кои правно-законски ќе се стекнат со право на користење на оваа финансиска поддршка ќе  добијат дополнителни 2 денари по килограм произведено и предадено винско грозје во регистриран капацитет за производство на вино, истакна Бабовски.

Преку оваа мерка директно влијаеме на намалување на загубите на производителите на винско грозје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот