Бабовски: Овозможуваме рамномерен регионален развој

Овозможуваме рамномерен регионален развој, истакна денеска во Кавадарци, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Тој информираше дека преку програмата за рурален развој, во Кавадарци се одобрени четири проекти од витално значење на населението, вредни 50 милиони денари. Општината требало да го плати само данокот на додадена вредност.

-Преку проектите кои ќе се реализираат во овој дел од државата ќе се развива руралниот туризам, а преку развој на оваа гранка, директно влијаеме и на локалната економија, рече Бабовски.

Нагласи дека со ваквите инвестиции се овозможува рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живот и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја во целата држава.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев соопшти дека во последна фаза е проектот за развој на јавна инфраструктура во рурални средини. Со овој проект се изврши реконструкција на водоводни линии на неколку улици, како и атмосферска канализација на три улици во селото Сопот. Проектот е со вредност од околу 18 милиони денари.

-Со овој проект во голема мерка се подобрија условите во Сопот, едно од најголемите села во општината и во кое, за среќа, младите остануваат да живеат. Ги има сите услови за добар живот. Голема благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството  и руралниот развој за соработката. Асфалтирањето и поплочување улици во Сопот исто така докажува дека Општината во континуитет работи на развојот на руралните средини, нагласи Јанчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот