Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Почна аплицирањето за добивање субвенции за земјоделството, а крајниот рок за доставување на барањата е до 31- ви јули 2020 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.

– Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица, потенцира Бабовски.

Прочитајте и...  Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Директорот Бабовски, апелира при барање на помош од страна на вработените во Подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, се со цел превенција и заштита од вирусот „COVID 19″. Апликантите, подвлекува Бабовски, пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.”

Прочитајте и...  Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Според него, како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат условите за користење на оваа поддршка, а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите.

– Така ќе продолжиме и во иднина. Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијаеме во развој и модернизирање на домашниот агро сектор а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи, директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Прочитај повеќе

Пожар во струјомер поради гром во тетовско Сиричино

Слободен печат

Комбинирана настава спас за учениците од септември?

Михаило Донев

Врие во ДУИ: Стравот од одење во опозиција е голем

Борисов: Подготвен сум да заминам во секое време

Слободен печат

МНР: До моментов нема информации за засегнати граѓани на РС Македонија во Либан

Слободен печат

АЕК: Постапка за 5Г до крај на годината преку аукција, поединечни одобренија за сите опсези

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Грција испраќа спасувачки тим во Бејрут

Слободен печат

Кина со остар протест до САД заради најавената посета на американски министер на Тајван

Слободен печат

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Мирослава Бурнс

Вучиќ ќе избира меѓу четворица кандидати за нов српски премиер

Слободен печат

Ново промотивно видео кое ја претставува Македонија како врвна дестинација (ВИДЕО)

Слободен печат

Во исчекување на протоколите, МОН објави прирачник за чистење на училиштата

Слободен печат