Бабиш: Жалам што бев комунист

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изрази жалење што бил член на Комунистичката партија, за време на свечената комеморација по повод 30-годишнината од „Кадифената револуција” во Прага, со која беше урнат комунизмот во тогашната Чехословачка.

– Како што сигурно знаете, јас бев член на Комунистичката партија. Со тоа не се гордеам, рече Бабиш на церемонијата на која присуствуваа неговите унгарски, полски и словачки колеги, како и претседателот на германскиот парламент Волфганг Шојбле.

– Не бев храбар и ангажиран после Вацлав Хавел, рече тој.

– Денес сум овде, како премиер избран на слободни и демократски избори. Значи, барем сега, сакам да изразам благодарност и понизност, рече Бабиш, заблагодарувајќи им се на оние што ги започнаа протестите во 1989 година.

Бабиш го обвинуваат за корупција, поради што речиси 250.000 луѓе протестираа вчера во Прага, барајќи негова оставка.

Неговата малцинска влада зависи од поддршката на комунистичките пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот