Бабиш е минато, Чешка доби нова влада

Новото мнозинство во Чешка, предводено од Петр Фиала/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Пет чешки партии денеска потпишаа договор за нова централнодесничарска коалициска влада, откако тие минатиот месец победија на изборите и ја заменија владата на премиерот Андреј Бабиш, пишува ЕУОбсервер.

Партиите, од умерено евроскептичните Граѓански демократи до централно-левичарската Либерална пиратска партија, ветија дека ќе го намалат буџетскиот дефицит кој од минатата година постојано расте во услови на пандемијата, како и поради зголемувањето на пензиите и платите.

Се очекува годинава буџетскиот дефицит да надмине седум отсто од БДП.

На изборите на 8-ми и 9-ти октомври, партиите заедно освоија 108 од 200 места во Долниот дом на парламентот.

Заедно против Бабиш

За време на кампањата тие истакнаа дека се обединети во желбата да се отстрани Бабиш, кого го обвинуваат за судир на интереси преку неговата улога како основач на земјоделскиот конгломерат Агроферт.

Во 2017 година, пред да стане премиер, Бабиш на фондацијата и ги префрли правата на управување со неговиот конгломерат Агроферт и ги отфрли обвинувањата дека е во конфликт на интереси.

Неговиот веројатен наследник како премиер, Петр Фиала, во понеделникот рече дека новата коалиција мора брзо да дејствува.

„Треба да ги решиме проблемите на луѓето што е можно поскоро и да ја извлечеме земјата од повеќе кризи, од здравствени и економски до вредносни кризи“, рече Фиала.

Според чешката процедура, Фиала може да биде именуван за премиер од претседателот Милош Земан, откако актуелната влада ќе поднесе оставка пред конститутивната седница на парламентот, која почнува во понеделник и може да потрае неколку дена.

Партијата на Бабиш АНО постигна најдобар резултат како поединечна партија, но Бабиш многу брзо призна дека нема да може да собере доволно голема коалиција и дека е подготвен да се повлече во опозиција.

Бабиш во кампањата истакна дека на земјата и е потребна стабилност и е попросперитетна од порано. Тој, исто така, вети дека ќе продолжи да ги зголемува платите и пензиите во јавниот сектор, ја заостри антиимигрантската реторика и се спротивстави на предавањето на власта на Европската унија.

Избори во Чешка: Срам или спасител, каква е судбината на Бабиш?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот